Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

(Видео) Затворот ми е докторат на државна сметка, не е болка затоврската средина туку пропуштените можности надвор, вели затвореникот Делов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library7mabd6seg630b0nFEeA

Коста Делов, затвореник во КПУ Штип и осуден за обид за убиство на Зијадин Села, во интервју за „Претрес со Ландов“ проговори отворено за својата состојба, за изгубените години и за предизвиците на животот зад решетки.

Тој призна дека најголемата болка не е затворската средина, туку пропуштените можности надвор. Според него, ѕидовите не се најстрашни – најтешко е чувството дека животот продолжил без него.

— реклама —

„Скоро сите мои пријатели и пријателки се со семејства, со кариера. Јас каде сум?“ вели Делов.

Голем дел од времето го минува во читање и самообразование. На шега говорел дека затворот му станал „магистратура и докторат на државна сметка“, а уште во притвор почнал да чита класична литература.

— реклама —

Делов откри и дека во затворските услови човек тешко може да зачува здрав дух ако не избере внимателно со кого се дружи. Контактира само со мал, одбран круг на луѓе и смета дека тоа е единствениот начин да остане психички стабилен.

— реклама —

Разговорот со Делов ја отвора сликата за внатрешната борба на човек кој се соочува со последиците од сопствените постапки, но и со тешката реалност на затворскиот живот, во кој – како што истакнува – најголемата загуба е времето што не може да се врати.

Цел разговор:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp1m9gm5m45qc1KV0XOU

(Видео) Со „комшиски врски“ станала обвинителка: Ме фати за рака и ме однесе во обвинителството

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library2dboi6d0478e3ZPW6jP

(Видео) Јавната обвинителка Раичевиќ не верува дека довербата во правосудството е само 2 отсто: „Ова е еден вид мобинг врз обвинителите и судиите“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryp1m9gm5m45qc1KV0XOU

(Видео) „Платата што ја имам не е доволна, но тоа не е причината за кандидатурата“: вели јавната обвинителка Раичевиќ

Македонија | пред 6 дена

media-libraryefiekqqslt0beS8OCQ5

(Во живо) Д-р Барбов се чувствува злоупотребен од Ива Михаилова: Имаше симптоми, но ги преувеличуваше во јавноста

Студио | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања