Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) „Зелен хуман град“ ја имаат најпозитивната кампања: Горјан јадеше луто зошто се лутеше кога има коли на велосипедска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-09-29-at-12.23.45

Активистот и еден од носителите на листата на советници на Зелен Хуман Град, Горјан Јовановски, реши да се лути за проблемите со велосипедските ленти во градот, буквално. Тие и буквално ја имаат најпозитивна кампања за овие локални избори.

— реклама —

„Предизвик: Горјан треба да ја извози улица Московска по постоечките велосипедски ленти, но секогаш кога ќе наиде на автомобил што го попречува неговото безбедно движење, треба да земе гриз од луто пиперче! Дали ќе успее да се избори со огнот и да не се предаде на нефункционалните ленти, или ќе подлегне на лутината на ифрит пиперчето? Да видиме! Иако Град Скопје не е надлежен да ги отстранува лошо паркираните автомобили од велолентите (тоа е работа на МВР), сепак велопатеките и лентите што ги изведува градот мора да овозможат максимална безбедност на граѓаните што решиле да користат велосипед Да не се лутиме за проблемите, туку да дозволиме на докажани активисти и волонтери да ги водат позитивните промени - гласај за ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: 119 - Драгана Велковска, носителка на листата на советници за Град Скопје на Зелен Хуман Град 104 - Ана Петровска, кандидатка за градоначалничка за Град Скопје на Зелен Хуман Град“, велат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања