Промени тема
Контакт

(Видео)Научна сензација од дното на Охридското Езеро: Откриена езерска населба во Европа стара меѓу 6.000 и 8.000 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
ohrid-naselba

Подводни археолошки истражувања на албанската страна од Охридското Езеро доведоа до неверојатно откритие – населба стара меѓу 6.000 и 8.000 години, за која научниците веруваат дека е најстарата позната човечка населба изградена на брег на езеро во Европа.

Тим составен од швајцарски и албански истражувачи секојдневно нурка на длабочина до три метри во близина на селото Лин, каде што внимателно се вадат дрвени столбови – остатоци од куќи, како и коски, бакарни предмети и деликатна керамика.

Археологот Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн изјави дека оваа населба е за околу 500 години постара од досега познатите слични локации во Алпите и Медитеранот.

„Фактот што е под вода ни овозможува да најдеме извонредно сочувани органски материјали, преку кои можеме да откриеме како изгледал животот тогаш – што јаделе, што одгледувале“, вели Хафнер.

— реклама —

— реклама —

Остатоците се анализираат со радиокарбонска метода и дендрохронологија (анализа на годишните прстени во дрвјата). Се проценува дека населбата се простирала на површина од околу шест хектари и имала неколку стотици жители. По шест години работа, истражено е помалку од еден процент од локацијата.

Според истражувачите, овие жители одиграле важна улога во ширењето на земјоделството и сточарството низ Европа, иако и понатаму ловеле и собирале плодови од природата.

— реклама —

Албанскиот археолог Адриан Анастаси нагласува дека целосното истражување на оваа археолошка локација може да потрае децении.

„Ако се суди според начинот на кој ловеле, рибареле и граделе, тогаш станува збор за исклучително напредна заедница за тоа време“, истакна Анастаси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања