Над 100 илјади луѓе учествуваа денеска во протестите кои се организирани од "Жолтите елеци" во знак на незадоволство од зголемувањето на цените на горивата во Франција. Најмлку 22 лица се уапсени по судирот со полицијта за време на протестите поради зголемувањето на цената на горивото.
"Во демонстрациите на територијата на земјата денеска, во екот на настаните на пладне, учествуваа 106 301 илјади лица. Тоа е значително помалку од минатата сабота, кога бројот на демонстрантите беше околу 282 710 илјади лица. Вкупно 1 619 протести беа одржани во Франција. 130 лица беа уапсени и приведени", изјави шефот на Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека Жесток судир имало во Париз, каде во демонстрациите учествуваа активисти на крајно десничарските кругови.
На најдолгата париска авенија Шанзелизе експлодирал камион, по ова полицијата кон демонстрантите испалила гумени куршуми. Инаку на Шанзелизе се собрале околу 5000 демонстранти каде полицијата го спречила обидот оваа толпа да стигне до претседателскта палата. Некои демонстранти ја пееле националната химна, а други носеле транспаренти н кои пишува:„Макрон - оствка“ и „Мкрон - лопов“
Инаку, повеќе од седум дена демонстрантите со жолти елеци ги блокираат автопатиштата низ цела Франција, ја блокираат работата на местата каде се складира гориво. Од министертвото за внатрешни работи го обвинуваат лидерот на десничарстаката партија дека тој ги потикнува и организира протестите во Париз.
Претседателот Емануел Макрон, против чија политика беа демонстрациите, го осуди насилството во пост преку социјалната мрежа Twitter.Претседателот застанува во одбрана на меркта за раст на цената на горивата, неведувајќи дека оваа мерка е неопходна, за да се намали зависноста на Франција од фосилни горива. Макрон најави дека на почетокот на наредната недела ќе изнесе нови планови со кои владата ќе се обиде да ја олесни „енергентската транзиција“.