„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО)Спасовски: Започната е темелна истрага за скандалот во ОЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Скандалот со снимањето во Јавното обвинителство покажува уште еднаш како функционирал режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, рече на денешната прес – конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

— реклама —

– Има сериозна истрага, во сите институции. До детали ќе се провери која била намената на оваа инсталација од минатото, дали и кој ги слушал разговорите во правосудството. Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја купил, кој ја инсталирал и кој ја користел и секој кој што ги пречекорил овластувањата ќе одговара пред правдата! И ова ќе важи за секоја институција. Следува темелна проверка во секоја институција. Времето на снимање и прислушување заврши. Остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите. За овој скандал ќе има одговорност – потенцираше Спасовски.

Спасовски побара раководството на ВМРО-ДПМНЕ да одговори за нивните дејствија во времето кога оваа опрема била инсталирана.

— реклама —

– Мицкоски треба да одговори за неговата улога во власта кога бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Штетата што ја направи криминалното ВМРО-ДПМНЕ остави силни последици кои не можат да се отстранат преку ноќ, но ние нема да застанеме додека не го отстраниме остатокот од криминалот со цел да обезбедиме држава по европски правила. Свесни сме за грижата и критиката на граѓаните дека од режимот на Груевски се уште има остатоци низ општеството и институциите. Ве уверувам, силно сме посветени на деинсталирање на груевизмот при тоа да не заборавиме дека цели 12 години траеше оваа криминална инсталација, во секој дел на општеството. Ние до сега имавме само година и пол за справување со оваа децениска катастрофа која и се случи на Македонија. Секој нов откриен случај од криминалното владеење на режимот ни дава дополнителен мотив да продолжиме уште посилно во борбата против корупцијата и во борбата за владеење на правото – рече Спасовски.

hakdgA1kZLw

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања