Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео)Украински дронови нападнаа руски нафтени постројки и рафинерии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarymv789oodgeuf0DwPytV

Украински дронови во текот на ноќта нападнале неколку руски нафтени постројки, меѓу кои две рафинерии во Самарската област и балтичко пристаниште за извоз на нафтени деривати, соопштија руски регионални власти и украински воени претставници.

Во Ленинградската област бил изгаснат пожар во пристаништето Висоцк, каде што се наоѓа терминал за извоз на мазут, нафта и дизел гориво управуван од компанијата Лукоил.

— реклама —
— реклама —

Командантот на украинските сили за дронови, Роберт Бровди, потврди дека биле нападнати и рафинериите во Новокујбишевск и Сизран во Самарската област. Тој саркастично порача: „Да ја направиме руската нафта повторно голема“.

Гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, потврди напад врз индустриски цели, без да наведе детали.

— реклама —

Според украинската страна, серија неодамнешни напади врз руската нафтена логистика во Приморск, Уст-Луга, Шешарис и Туапсе ги намалиле дневните испораки за околу 880.000 барели, иако оваа бројка не е независно потврдена.

— реклама —

Украинските сили соопштија дека било погодено и складиште за нафта во Севастопол на окупираниот Крим. Во меѓувреме, руските власти јавија дека се изгаснати пожари во Тихорецк и на терминал во црноморското пристаниште Туапсе, кои, според нив, биле предизвикани од украински напади со дронови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 10 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 17 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања