Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Вие не сте премиер, вие сте уредник на таблоид, на жолт печат“, Филипче го критикува Мицкоски за тендери и подгревање тензии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешните пратенички прашања му порача на премиерот Мицкоски, дека наместо како премиер кој треба да ја води државата кон напредок, тој се однесува како уредник на жолт печат. Во репликата Филипче посочи дека Мицкоски не се фокусира на решавање на клучните проблеми, туку на тендери и на теми кои не се од интерес на граѓаните.

„Вие не сте премиер, вие сте обично уредник на таблоид, на жолт печат. Тендери, тоа вас ве интересира сега, само вашите тендери на блиските луѓе до вас, бизнисот со струја. Се е тоа сега во овој момент, и никаква грижа за граѓаните, ниту за иднината на државата“, рече Филипче.

— реклама —
— реклама —

Во репликата Филипче додаде дека политиките на премиерот Мицкоски водат кон продлабочување на поделбите и застој на стратешките процеси на државата.

— реклама —

„Подгревање на меѓунационални, меѓуетнички тензии, блокирање на европскиот пат. Така држава не се води. Тоа луѓето што седат овде околу вас го знаат, тоа и го коментираат кога не сте тука. Да знаете, има неистомисленици со вас. Така што граѓаните гледаат, знаат како живееле во тоа време, знаат како живееле во ова време. На некој следен изборен циклус ќе го кажат својот глас. Ваква влада ние не заслужуваме“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

„Во мое време немаше труење, ниту во Гостивар“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

Филипче: Кој гарантира дека „техничката вода“ во Гостивар е безбедна?

Македонија | пред 1 ден

media-librarysjk5kemche6553QKpMV

Филипче до Мицкоски: Зошто криете резултати за загадената вода?

Македонија | пред 2 дена

media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

Филипче до Мицкоски: Пола држава пие загадена вода, кој ќе одговара?

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања