Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Виенската полиција се вклучи во потрагата по Данко (2): Ги истражуваат тврдењата дека била снимена во Австрија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-03-30-at-10.11.07

Полицијата во Виена се огласи откако се појави видео снимено во тој австриски град, на кое се гледа девојче кое личи на Данка Илиќ, двегодишното дете по кое шест дена се трага во Србија. Како што соопшти портпаролот, целиот случај сега е предмет на истрага на виенската полиција.

Српски државјанин во центарот на Виена фотографирал девојче кое изгледа како исчезнатото дете од Бор, наводно во друштво на две Романки. Видеото и го испратил на српската полиција, која веднаш стапила во контакт со нивните колеги од австриската престолнина, пишуваат локалните медиуми. Српската полиција ги проследила податоците до Европол, додека нивните колеги во Виена побарале од граѓаните доколку имаат информации за девојчето Данка Илиќ да пријават во полиција.

— реклама —

„Сведокот беше сослушан и видеото што го сними човекот беше обезбедено. Мажот за случајот дознал преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага која е во тек“, изјави Маркус Дитрих, портпарол на виенската полиција, а пренесува „Клајн цајтунг“.

2-годишното девојче последен пат е видено во 01:45 часот во вторник. попладне во Бањско Поље кај Бор во Србија.

— реклама —

Данка Илиќ има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата врзана во опавче.

Доколку имате информации, јавете се во полиција на 192.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-07-at-13.20.14

Ќе се реконструира случајот за исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка

Свет | пред 11 месец

— реклама —
Screenshot-2024-10-16-092312

„Ќерката ја немаше, го видов автомобилот на Водовод Бор“: објавена целата изјава на мајката на малата Данка

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-17-084111

Протече сведочењето и на таткото на малата Данка

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-11-at-19.51.43

Протече клучна изјава во случајот со убиството на малата Данка, братот на обвинетиот призна се: „Ми кажа каде е телото...“

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања