Викендов МВР казни стотици граѓани во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Во текот на изминатите денови (15, 16 и 17.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 144 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 67 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 58 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 49 возила бидејќи 42 биле нерегистрирани и седум возила биле технички неисправни. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 11 возачи поради некористење заштитен шлем при управување на моторцикл, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 163 мандатни платни налози и 153 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Изминатиот ден се случиле 19 сообраќајни незгоди во кои 10 лица се здобиле со телесни повреди.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања