Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вирусот Шамонда што досега ги погодувал животните откриен кај човек во Франција, пациентот починал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryis110mvrlqd15RmF96W
unsplash

Француските здравствени власти потврдија прв случај на зараза со вирусот Шамонда кај човек. Пациентот кај кого бил откриен вирусот во меѓувреме починал, но надлежните уверуваат дека засега нема опасност за поширокото население, пренесува „Ројтерс“.

— реклама —

Вирусот Шамонда припаѓа на групата ортобунијавируси што ги пренесуваат инсектите. Првенствено ги погодува животните, особено говедата, а се шири преку ситни мушички. За првпат бил откриен во Нигерија во средината на 1960-тите години, а подоцна повремено бил регистриран кај животни во Африка и Јапонија.

— реклама —

Во текот на оваа година, вирусот почнал да се шири и во неколку европски држави.

— реклама —

Според француските власти, досега се сметало дека вирусот не се пренесува на луѓето. Главната претпоставка е дека пациентот се заразил во источниот дел на Франција, каде што вирусот циркулирал меѓу животните во текот на пролетта и летото 2026 година.

— реклама —

Здравствените власти засега нагласуваат дека нема опасност за општата популација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 1 ден

media-library5480qi6n8ih99PIC5w2

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито поради глобалната нестабилност

Свет | пред 1 ден

media-librarylnqcre09jd5b20nkBqP

(Видео) Тешка автобуска несреќа во Франција, има жртви

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања