Високи израелски функционери предупредуваат: „Ќе ни се случи истото што и на Американците во Виетнам“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.23

Израелската влада издаде нови наредби за присилно раселување на делови од градот Газа и Кан Јунис, како вовед во одлуката за целосна окупација на енклавата. Според информации на Times of Israel, првиот чекор е евакуација на околу еден милион жители на Газа – половина од вкупното население – кон т.н. „хуманитарна зона“ Ал-Маваси на југот на појасот, каде што ОН проценува дека веќе се сместени 425.000 лица на површина од само 20 км².

— реклама —

По ова, следува втората фаза – воена офанзива, за време на која се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да најави забрзана хуманитарна помош во координација со Израел, со четирикратно зголемување на пунктовите за дистрибуција на храна. Финансирањето би дошло од милијарда долари донации од САД и други држави.

Началникот на Генералштабот на Цахал, генерал Ејал Замир, отворено се спротивстави на премиерот Бенјамин Нетанјаху, предупредувајќи дека целосната окупација би ја загрозила безбедноста на 50-те заложници што ги држи Хамас (за 20 се верува дека се живи), би ја исцрпила армијата и би претставувала „замка за Цахал“.

— реклама —

„Ова ќе нè вовлече во црна дупка – преземање одговорност за два милиони Палестинци, години чистење, герилска војна и, најопасно, загрозување на заложниците“, изјавил Замир, добивајќи поддршка и од министерот за одбрана Израел Кац – дотогаш близок сојузник на Нетанјаху.

Високи функционери предупредуваат на „виетнамски сценарио“ – скапа, долготрајна и со ограничени резултати воена кампања. Алтернативниот план на армијата бил Газа да се опколи, да се блокира помошта и да се водат прецизни напади со цел исцрпување на Хамас, но владиниот компромис сега предвидува мешавина од двете стратегии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања