„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Визер ги исполна критериумите на новиот повик - ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vizzar

Нискобуџетната авкиокомпанија Визер беше избрана на јавниот повик за авиосообраќање во Република Македонија, кој, како што информираше на прес-конференција министерот за траспорт и врски Горан Сугаревски, компанијата ги исполнила сите услови и критериуми во повикот. На третиот јавен повик, откако претходните два биле неуспешни, пристигнало само едно барање и тоа од Визер, а Сугаревски појасни дека иако во текот на целата година се правале разговори и со други компании, тие најверојатно не се пријавиле од ним познати деловни причини.

— реклама —

Согласно критериумите Визер има обврска да почне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид и тоа првите две до 26 март 2019, а другите во рок од една година од денот на склучувањето на договорот и истите да ги опслужува за период за кој се доделува финансиска поддршка. Компанијата има обврска да опслужува две нови линии од меѓународниот аеродром во Скопје до 26 март и да ги опслужува најмалку две години.

-Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски ќе додели еднократна финансиска поддршка во износ од 40 илјади евра за секоја нова дестинација воведена од Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид. За секоја нова дестинација од аеродромот во Скопје ќе се додели финансиска поддршка во износ од девет евра по патник во заминување во првата година од договорот, осум евра по патник во заминување во втората година, седум евра за третата година. За секоја нова дестинација воведена од аеродромот во Охрид ќе се додели финансика поддршка од 13 евра по патник во заминување во првата година, 12 евра во втората година и 11 евра во третата година, рече Сугаревски.

— реклама —

Во однос на финансиските средства, појасни Сугаревски, предвидени се најмалку 312 милиони денари или околу пет милиони евра за период од 2019-2022. За следната година се предвидени 86 милиони денари, за 2020 204 милиони денари, за 2021 104 милиони денари, а за 2022 година 17 милиони денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања