Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Вкупно 10 лица во земјава, заразени со Делта сојот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
w_56803986

Уште кај четири пациенти потврден е делта сојот или познатиот индиски сој корона вирус, со што бројката на заразени во земјава со овој сој се искачи на десет лица.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека последните четири случаи на заразени со индискиот сој биле денеска потврдени во лабораторијата во МАНУ и тврди дека немале премногу контакти.

— реклама —

– Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација итн, рече Филипче.

— реклама —

Академик доктор Александар Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија при МАНУ вели дека повеќе е од јасно е дека само вакцинацијата спречува развој на тешка форма на болеста.

— реклама —

-Нема потреба да правиме мерки што буквално ќе ја затворат државата. Тоа што знаеме е дека сите вакцини кои се користат сега спречуваат најтешка форма на болеста, хоспитализација и смрт во најголем процент, рече Димовски и упати апел до сите граѓани посебно тие што се во групи од ризик, повозрасни и со хронични заболувања да се вакцинираат, да се заштитат себеси и генерално да се врати ситуацијата во нормала.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања