„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Вкупно 12 години затвор за двајцата обвинети за најголемата лабораторија на синтетички дроги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

ojo

По поднесен обвинителен акт од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за преостанатите двајца обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.

— реклама —

За сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, на обвинетиот С.Ш. судот му изрече казна затвор во траење од осум години, додека обвинетиот А.Х. е осуден на казна затвор во траење од четири години. По објавата на пресудата, надлежниот јавен обвинител предложи мерката притвор за двајцата обвинети да биде продолжена до правосилност на пресудата. Судот донесе Решение со кое мерката притвор ја продолжи само спрема обвинетиот С.Ш., додека за А.Х. ја укина. Незадоволен од ваквата одлука, надлежниот јавен обвинител најави жалба.

Имено, во мај минатата година, по повеќемесечната истражна постапка и меѓународната правна соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со Јавното обвинителство за организиран криминал во Република Србија, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше поднесен обвинителен акт против двајца српски и петмина македонски државјани. На обвинетите им се ставаше на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1, а еден од обвинетите се гонеше и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1. Обвинетите како меѓународна организирана криминална група во двете држави неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување на психотропни супстанции и прекурзори, како и опрема и материјали наменети за производство на психотропна супстанца – Амфетамин. Дел од набавените материјали, супстанции и прекурзори, ги сместиле во објект во село Батинци, општина Студеничани, а дел во објект во Тетово каде инсталирале функционално техничко – технолошка целина во која започнале процес на преработка на различните материи, супстанции и прекурзори и производство на психотропна супстанца – амфетамин.

— реклама —

Во септември 2018 година, Основниот суд Скопје 1 – Скопје по дадени изјави за признание на вина на дел од обвинетите, донесе пресуда со која беа осудени на казна затвор и тоа: М.З.во траење од 11 години, С.К.- девет години, И.Ш.и З.Д на седум години и А.М. за двете дела на четири години. по жалба на ОЈО ГОКК по однос на висината на изречените казни затвор, второстепениот суд за обвинетиот М.З. казната затвор ја зголеми на 13 години, за С.К. ја зголеми на 11 години, за А.М. за двете кривични дела ја зголеми на единствена казна затвор во траење од шест години, а за обвинетите И.Ш. и З.Д ги потврди претходно изречените казни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања