„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Вкупно 17 деца и возрасни се заразиле со салмонела, јаделе сендвичи од една штипска сендвичарница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
bolnica-stip

Се зголемува бројот на деца и вработени од едно штипско средно училиште кои добиле симптоми на труење по консумирање сендвичи во блиска сендвичара. Епидемиологот Светлана Живкова за МИА изјави дека до денеска се регистрирани вкупно 17 лица со симптоми, што е за двајца повеќе од вчерашниот биланс.

— реклама —

– До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана Salmonella enteritidis. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и испратени се на анализа во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Скопје – вели Живкова.

Таа додаде дека резултатите од земените примероци сè уште се чекаат.

— реклама —

Сендвичарата е затворена, а инспекторите веќе земале примероци од храната и работните површини и спровеле санитарен преглед и едукација на сите вработени.

Мајка на ученик кој заврши на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип изјави дека нејзиното дете ги добило симптомите по јадење сендвич со пилешки стек и пржени компири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања