Влада: Договорот од Преспа не ја менува химната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlada-tabla

Националната химна останува иста, не била тема на дискусија и околу истата нема никаков спор. Химната ќе остане и текстуално и инструментално истата, с евели во соопштението од Владата.

— реклама —

Вчера, за време на посетата на грчката делегација пред Владата на Република Северна Македонија не беа интонирани химните поради технички и организациски причини кои произлегоа од стеснетата временска рамка на активностите.

Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично. Овие активности беа изоставени со цел да се запази дневната работна агенда на

— реклама —

премиерите Заев и Ципрас, односно за да успеат во текот на денот да ги постигнат сите планирани работни активности.

Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз химната, таа во ниту еден момент не била, не е и нема да биде спорна.

Како потврда, во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор нашата химна беше интонирана во повеќе прилики во присуство на официјални претставници од грчка страна. Само пред неколку денови на свечениот прием во организација на Амбасадата на Грција, по повод националниот ден на Република Грција, химната на Република Северна Македонија беше интонирана пред официјални грчки претставници.

Исто така може да се напомене и интонирањето на нашата национална химна за време на кревање на знамето на НАТО пред зградата на Владата, повторно во присуство на претставници на цел дипломатски кор.

Химната беше интонирана за време на спортски натпревар за квалификација на Европско ракометно првенство кој се одржа на 28 октомври 2018 година, кога се натпреваруваа нашата земја и Грција во категорија сениори мажи.

Дополнително на 16 јуни во главниот град на Северна Македонија ќе биде градот-домаќин на последниот квалификациски натпревар за Европско првенство 2020 во ракомет во кој нашата репрезентација ќе ја пречека Грција и кога повторно ќе бидат интонирани химните на двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања