Влада: Нема иницијатива за размена на споменици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlada-zname-nato

Нема иницијатива за размена на споменици, велат од Владата за МИА по објавените шпекулации во грчките медиуми дека министерката за култура на Грција предложила споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје.

— реклама —

– Преспанскиот договор е потпишан со цел да се унапреди соработката помеѓу двете земји што ќе придонесе и во економски развој на регионот. Ние сме фокусирани на имплементацијата на Преспанскиот договор. Според Договорот, во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија, стои во реакцијата од Владата.

Инаку веста за размена на спомениците од синоќа е една од главните теми во медиумите во Грција, а министерката за култура, Мирсини Зорба, категорично демантира дека постоел разговор за размена на споменици.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања