„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Влада: Усвоен пакетот социјални програми за нивно непречено остварување од 1 јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
94-_45244979442_o

Владата на Република Македонија на својата редовна 113-та седница, ја усвои Програмата за остварување на социјалната заштита за 2019, како и одредбата Програмата да отпочне да се применува од 1 јануари 2019 година.

— реклама —

На оваа седница Владата ја донесе и Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица, за 2019 година.

Во пакетот социјални програми на Министерството за труд и социјална политика, Владата вечерва ги усвои и Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2019 година; Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2019 година, како и Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2019 година.

— реклама —

Овие програми се усвоени на оваа седница бидејќи на нив им претходеше неопходното усвојување на Буџетот на Република Македонија за 2019 година, за да можат да се реализираат веднаш со првиот ден од новата година.

На оваа седница Владата на РМ донесе одлука да го повлече од Собранието на РМ Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси и низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, да добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисијата за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение.

На седницата на Владата на РМ е усвоена и Одлуката за времетраењето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање на субвенциониран станбен кредит во 2019 година, со што на граѓаните ќе им се овозможат по поволни услови да дојдат до сопствен дом.

Владата на РМ односно, Министерството за образование и наука, со пренамена на средства преку Програмата за приватно-јавни непрофитни високообразовни установи донесе одлука да пренамени 8 милиони денари. Православниот Богословски факултет "Св. Климент Охридски" добива 3 милиони денари, Универзитетот на Југоисточна Европа добива 3.1 милиони денари, а Факултетот за Исламски Науки добива 1.9 милиони денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања