„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Влада: Во снимениот разговор не се зборува за ниту една активност надвор од тендерската постапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlada-19.02-pak

Во врска со објавениот аудио запис снимен од официјален состанок на владини претставници и претставници на компаниката Леонардо од Италија Владата на Република Македонија известува:

— реклама —

Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Целата процедура е во согласност со правилата за набавка на ЕБОР и евалуацијата е направена од независни евалуатори.

Согласно правилата на ЕБОР, по завршување на евалуацијата, МНАВ е должна да испрати Letter of award (Писмена потврда за избор на најповолен понудивач) која скоро две години претставникот на МНАВ не сакал да ја потпише. Неколку веб портали се обидуваат на погрешен начин да претстават дека терминот "Letter of award" значел награда, а значењето на тој термин во професионалната комуникација претставува писмо за известување, и ништо поразлично.

— реклама —

Владата на Република Македонија согласно законските прописи е должна да се грижи за безбедноста на воздушниот простор и затоа е побарано да се одржи состанок со претставниците на италијанската компанија, со цел да се констатира дека долг период не се постапувал согласно процедурите и дека со тоа се загрозувала безбедноста на граѓаните во рамки на воздушниот сообраќај.

Во снимениот разговор кој не е објавен во целост со цел да се манипулира јавноста, во ниту еден момент не се зборува за ниту една активност надвор од тендерската постапка, туку за тоа како граѓаните да добијат побезбедно небо.

Од акцискиот план на МНАВ се гледа дека набавката на АТМ системот требало да се реализира пред април 2018 година (шест месеци пред одржување на состанокот од снимениот разговор), а од изменетиот акциски план се гледа дека до одржување на состанокот тоа не е завршено.

Целиот материјал ќе биде предаден на Јавното обвинителство со цел презентација на факти, разобличување на изнесените дезинформации, но и констатирање на одговорност за лицата кои сакале да ја нарушат безбедноста на граѓаните.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања