Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата ќе продолжи да го поддржува извозот и домашните компании, а инвестициите во патната и железничката инфраструктура на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, истакна вицепремиерот Александар Николоски на „Форумот за глобална трговија и раст 2026“, организиран од Швајцарската комора на Македонија.

— реклама —

Николоски нагласи дека извозот е главен приоритет за домашната економија, бидејќи само со настап на странските пазари може да се обезбеди дополнителен економски раст. Тој посочи дека странските компании што веќе инвестирале во земјава продолжуваат да се развиваат, пристигнуваат нови инвеститори, а сè повеќе домашни компании се пробиваат на странските пазари.

— реклама —

Како важна предност ги посочи конкурентните цени на горивата и железничкиот транспорт, нагласувајќи дека тие треба да се одржат и покрај глобалните предизвици.

— реклама —

Вицепремиерот се осврна и на проблемите со кои се соочуваат превозниците во земјите од Шенген-зоната. Тој рече дека Владата бара билатерални решенија со засегнатите држави, а Швајцарија е првата земја што подала рака за решавање на прашањето.

Николоски додаде дека, покрај поддршката за домашните и странските компании, потребно е да се работи и на стандардизацијата, со цел да се зголеми конкурентноста на македонските компании на меѓународните пазари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryr2jahva3hb0b1Xi8myP

Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Растот на БДП проектиран на 3,5 отсто – Николоски очекува градежништвото да продолжи со силен раст

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања