Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Владата ѝ даде на Општина Центар 8,3 милиони денари за реконструкција на „Адвокатската улица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

На денешната свечена церемонија што се одржа во хотелот Хилтон, градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, согласно Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти во 34 општини и финансиски средства од Владата на Република Северна Македонија, во соработка со меѓународни финансиски институции, партнери и соработници што се насочени кон развој на општините.

— реклама —

„Ми претставува задоволство што денес ми беше доделен договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, проект што е финансиран од Владата на Република Северна Македонија. Соработката и поддршката со централната власт се успешен показател за развојот и јакнењето на инфраструктурата на општинско ниво и за реализацијата на проекти што се во интерес на граѓаните“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

— реклама —
— реклама —

Средствата што и се одобрени на Општина Центар се во износ од 8.300.000,00 денари, а ќе бидат наменети за реконструкција на позната Адвокатска улица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања