Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Владата донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката.

На последната седница Владата ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот систем ќе добие два дополнителни два извори на обновлива енергија, велат од СДСМ.

— реклама —

„Ова е еден од низата чекори што Владата ги презема со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.

— реклама —

Пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди стабилно снабдување со природен гас.

— реклама —

Исто така, во фаза на подготовка или во фаза на реализација се и неколку фотонапонски електрани и ветерни паркови, распоредени во неколку општини во државата.

Од земја зависна од увоз на енергија, денес сме држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем.

Сето ова е силна потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да се обезбедат поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух.

СДСМ како одговорна партија продолжува да спроведува одговорни и државнички политики во делот на енергетиката“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања