Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Владата ги ќе им даде пари на општините што неодговорно се задолжувале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-dimitrov

Одлуката на Владата за подмирување на половина од неизмирените обврски на општините со пари од државната каса е проблематична, бидејќи во суштина со парите на граѓаните се плаќа неодговорното работење на општинските власти, наместо тие пари да се искористат за нови проекти.  Додека властите велат дека ова е значајна поддршка за општините, експертите се спротивставуваат, велејќи дека со оваа мерка се дава порака дека се покриваат незаконските дејствија, неодговорното работење и недостатокот на отчетност, пишува „Порталб“.

— реклама —

За одлуката на централната власт, наместо за нови проекти кои ќе ја подобрат состојбата во патиштата, здравството, образованието, животната средина и другите области со витална важност за граѓаните, да се покриваат долговите, упатените во проблематиката велат дека најпрвин треба да се изврши анализа и проценка за тоа кој и како се задолжувал.

Експертите и граѓанските организации бараат прецизно да се посочат имињата на тие што се задолжувале.

— реклама —

– Стопанските субјекти се изложуваат на некоректно и дискриминирачко дејствување од државата. Се создаваат трговски девијации во пазарот на капитал. Ваквиот инструмент дава порака во насока на синдикализирање на расходувањата од неодговорното работење на избраните и именуваните функционери. Кога ќе се синдикализира трошењето од неосигурани ризици, се создава неодговорност (moral hazard). Во суштина, свесни дека ќе поминат неказнети за неодговорното работење со даночните средства на граѓаните, се создава ситуација на недостиг од каква било грижа за управување со ризици, во согласност со можностите и ресурсите на општините од страна на неодговорните градоначалници. Трошоците поради неодговорното работење во заробената држава паѓа на товар на тие кои не се виновни за неодговорност. Министерот да направи анализа во врска со тоа како се собирани долговите и да побара отчет, а за ова треба да се вклучи и Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство – велат од  Центарот за економски анализи (ЦЕА).

Невладините организации сметаат дека одлуката на Владата да ги подмири долговите на општините не е исправна, затоа што не е направена анализа во врска со тоа кој и на каков начин ги создал долговите, а велат и дека оваа мерка е штетна за граѓаните бидејќи втор пат им се нанесуваат финансиски штети.

Активистот Арианит Џафери од „Еко Герила“, бара на оние што ги направиле долговите да им се конфискуваат имотите и парите потоа да се вратат кај граѓаните. Во спротивно, подмирувањето на долговите ќе биде бесмислено, вели тој.

– Не е лошо што Владата планира да подмири половина од општинските долгови, но истовремено треба да се извршат ревизии и да се спроведат истраги за да се открие во какви околности се создадени тие долгови, од кои причини, односно кога и од кого, и да се повикаат на одговорност пред органите на правдата градоначалниците кои ги направиле тие долгови. Виновниците за создадените долгови треба да се казнат и да ги вратат парите сразмерно на висината на долгот, исто така преку конфискување на нивните приватни имоти, доколку е потребно. Граѓаните еднаш биле оштетени кога се создал долгот, сега по втор пат се оштетува нивниот личен буџет со нивно подмирување, додека виновниците продолжуваат да имаат слобода да злоупотребуваат уште повеќе во иднина. Ако не им се даде добра лекција, џабе ќе се подмират долговите, без разлика на нивниот износ – вели Џафери.

Операцијата за подмирување на долговите на општините официјално ќе започне со носењето на ребалансот на буџетот. Според објавените пресметки, ќе се доделат безмалку 50 милиони евра, со кои ќе треба да се покријат 51 отсто од долговите на општините. Вкупниот долг што го имаат пријавено локалните самоуправи, до крајот на месец септември, достигнува 81,3 милиони евра.

– Финансиската помош од 51 проценти од вкупниот износ е сериозна помош. На јасен начин создаваме механизам за спречување на акумулирање на долговите во иднина и јасно тврдиме по втор пат немаме намера да направиме вакво нешто и тоа нема да се случи. Сега има простор да се помогне, во овој момент го решаваме проблемот со долгот – рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Парите од централниот буџет кои ќе завршат во општинските сметки ќе бидат со стриктна намена и неповратни. Општините очекуваат од Владата да се дадат упатства за дејствување.

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, најави дополнителни механизми за контрола на локално ниво со цел спречување на создавање на долгови.

– Како системско решение, општините не треба да влегуваат во нови долгови, предвиден е контролен механизам во член 2 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Имено, општините можат да ги планираат приходите најмногу до 10 отсто од просекот на нивните приходи за последните три години – вели Фазлиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања