Промени тема
Контакт

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата на Република Македонија преку соопштение ги отфрли како невистинити обвинувањата на СДСМ поврзани со набавката на флаширана вода за граѓаните на Гостивар, оценувајќи дека станува збор за, како што наведува, „целосно измислени дезинформации“ и обид за манипулација со јавноста.

Во реакцијата се посочува дека Владата останува на ставот дека ќе продолжи бесплатно да обезбедува безбедна вода за пиење за жителите на Гостивар сè додека надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба.

— реклама —

Од Владата потврдуваат дека постапката за набавка на флаширана вода ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот го добила компанијата „Кожувчанка“. Според нив, цената по која се набавува водата изнесува 12,5 денари за шише од 1,5 литри, што е значително пониско од малопродажната цена, која, како што наведуваат, изнесува најмалку 25 денари.

— реклама —

Во соопштението се додава дека пониската цена е резултат на придонесот на компанијата „Кожувчанка“, која учествувала во набавката со цел да им помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба.

— реклама —

Од Владата оценуваат дека фактите се лесно проверливи и дека, како што велат, обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината. Воедно, упатија апел до СДСМ да престане, како што наведуваат, со пласирање невистинити информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Изборниот законик останува единственото отворено прашање од реформската агенда, на потег е опозицијата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања