„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Владата ги усвои пакет закони предложени од Министерството за правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
vlada-pravda

На 108 мата Владина седница усвоение беа пакет закони предложени од Министерството за правда.

— реклама —

Измените и дополнувањата на Кривичниот законик опфаќаат ревидирање на одредбите во неколку области, односно криминалот од омраза, неказнувањето на жртвата од трговија со луѓе и неказнувањето дете жртва. Законот предвидува и воведување на ново кривично дело „Попречување на правдата“.

Усвојувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови, којшто е со Европско знаме, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Измените на законот се во насока на зголемување на независноста, но и подобрување на квалитетот на судството. Истиот предвидува нови, заострени критериуми за избор на судија и редефинирање на основите за разрешување и за утврдување на одговорност на судиите.

— реклама —

Основната цел на Предлог-законот за Судски совет, којшто беше усвоен на денешната 108-ма владина седница, е внесување на мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот, на секои две години. Предлог-законот е во согласност со препораките на Венецијанска комисија и на Групата на земји против корупцијата (ГРЕКО), а со него се создава основа за утврдување на одговорност на членовите на Судскиот совет. Новиот предлог-закон предвидува и потранспарентна постапка за избор на членовите на Судскиот совет и судиите, а покрај министерот, право на глас во Судскиот совет ќе нема ниту претседателот на Врховниот суд.

Министрите денеска го прифатија и Предлог-законот за извршување на санкции. Тој обезбедува остварување на две основни цели: прво, да ја спречи државата и нејзините органи во своето функционирање да применуваат непотребна, претерана, преостра и нецелесообразна присила спрема правните субјекти. И второ, тогаш кога се применува присилба, тоа да се чини од страна на надлежни органи во постапка пропишана со закон.

Последниот од пакетот предлог-закони усвоени на денешната владина седница е Предлог-законот за прекршоци. Неговата главна цел е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите. За физичките лица, глобите ќе бидат помали за 75%, додека за малите фирми казните ќе се намалат за два и пол пати. Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите и нема да го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, предлог-законот предвидува и опомена заради превенција.

На 108-мата седница беше усвоена и Информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување на Законот за поштенските услуги, како и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за поштенските услуги.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања