Владата гo демантира пратеникот Антонио Милошоски дека наводно „Заев и Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190520_075559

Владата на Северна Македонија најостро ги демантира и отфрла како невистинити тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека наводно „премиерот Заев и министерот Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС“.

— реклама —

Ова е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да попречува случајот да се расчисти до крај и да направи штета на угледот на институциите кои посветено и успешно се справуваат со секаков вид криминал, се вели во Владиното соопштение.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Институциите разоткрија случај и сузбија криминална група, чии членови - вработени во управните служби на МВР, злоупотребувајќи ја службената положба издавале македонски патни исправи преку злоупотреба на туѓ идентитет.

Неколку дена пред да бидат соопштени резултатите од акцијата челниците на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ започнаа да ја саботираат акцијата, а тоа го прават и деновиве и со тоа сериозно и неодговорно се обидуваат да го загрозуваат процесот преку доведување на јавноста во заблуда со лаги.

Владата очекува Обвинителството да расчисти со овие обиди за саботажа.

Остануваме посветени на бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција и во таа насока продолжува и соработката со нашите стратешки партнери.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања