Владата и ДЗС се неспособни да организираат попис, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski

„Владата и ДЗС се неспособни да организираат попис, решение е електронски попис. Срамно и неодговорно е на една недела пред официјалниот почеток на пописот да не се знае кој ќе биде попишувач“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Власта ја води целосно аматерски постапката околу организација на пописот. Прво велеа дека се е завршено, а сега се жалат дека нема попишувачи. Зошто и кога лажат?

— реклама —

Дополнително целата ситуација ја влошува 4 бран на КОВИД 19, кој исто така е толку голем поради неспособноста на власта.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ предлага ситуацијата да се реши со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, со тоа ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави. Така што, решение е електронски попис за да се заштити здравјето на граѓаните и да нема манипулации.

Пописот е важна статистичка операција и не смее да трпи поради аматеризмот на власта. ВМРО-ДПМНЕ нуди решение“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања