Промени тема
Контакт

Владата и РКЕ го регулираат пазарот со топлинска енергија, и само тие се виновни за високите сметки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

„Владата и РКЕ го регулираат пазарот со топлинска енергија, и само тие се виновни за високите сметки. Владата на СДСМ не обезбеди гас по нормални цени кога тоа го правеа сите држави во регионот и светот и се доведе во ситуација да зема по берзански цени кога гасот е поскапен за 300%. Владата требаше да биде одговорна и на ниво на влада да испреговара со големите светски компании. Градот Скопје не е субјект кој може во меѓународен промет да преговара за набавка на енергенси, тоа може да го направи само владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Владата не обезбеди гас по нормални цени и ја доведе во опасност државата. РКЕ е таа која дава и одзема лиценци на фирми за вршење на енергетска дејност. Градот Скопје ниту е снабдувач, ниту производител на топлинската енергија. И како таков нема контрола на процесот, не затоа што не сака, туку затоа што законот тоа не го дозволува. Чиста политизација е обидот на СДСМ неспособноста да набават гас по нормални цени да ја заобиколат со надеж дека народот ќе заборави. Владата да излезе со решение и да не вплеткува субјекти, кои според закон не можат да преземат ништо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања