Промени тема
Контакт

Владата има план за помали трошоци во ИТ индрустријата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

„Владата предводена од СДСМ во континуитет презема конкретни мерки кои значат поттик на младите, но и идните претприемачи да се ориентираат кон ИТ секторот. Во таа насока е и одлуката за намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто до 2023 година, што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој значаен сектор каде постојано се потребни нови работници“, вели СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Дополнително, до 2023 година се предвидуваат низа стимулативни мерки во ИКТ секторот освен намалување на персоналниот данок, ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата. Владата предводена од СДСМ ќе продолжи да обезбедува финансиска поддршка на перспективни компании и стартапи во ИКТ секторот, бидејќи секое ново вработување во овој сектор обезбедува добро платена позиција, сигурна кариера и развој на младите, со крајна цел развој на економијата и раст на стандардот во земјата. СДСМ уште посилно продолжува со заложбите кон подобрување на условите за работа и раст на ИТ индустријата и економскиот стандард на граѓаните“, додава партијата

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања