„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Владата ја разгледа информацијата за реформата на јавната администрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
05072021_VRSM_84ta_Sednica_4

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 84-тата редовна седница која беше посветена на статусот на реализација на активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

— реклама —

На седницата беше разгледана анализата за хоризонталната функционална поставеност на министерствата и институциите која ја подготвија проектните експерти спроведена во рамките на двегодишниот ИПА проект „Поддршка кон државната реорганизација“, финансиран од Европската Унија.

Структурираните оценки и мислењата во врска со анализата, која предвидува рационализација на бројот на институциите во државната управа, како и предлози за нивна поголема ефикасност, ќе бидат презентирани пред Советот за реформи на јавната администрација кој пак на Владата ќе ѝ ја предложи конечната верзија за реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби, како една од најважните активности во процесот на пристапување во Европската Унија.

— реклама —

На оваа седница Владата ја усвои и Информација за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Зад хоризонтот 21“ (Beyond Horizon 21), во Република Бугарија, на која покрај земјата домаќин ќе учествуваат и припадници на армиите на Романија и Грција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања