„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Владата ја решава енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните, посочи пратеникот Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преземаат серија чекори за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. Од утре, АД ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и топлана „Скопје Север“ со што ќе се реши кризата со топлинска енергија, а граѓаните на Скопје до крајот на грејната сезона ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ. Претходно преземени се решенија со кои се искористија сите расположливи домашни капацитети за производство на електрична енергија“, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Тој додава:

— реклама —

„Денес, АД ЕСМ покрива 100 % од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.

— реклама —

Преземен е и првиот конкретен чекор за заштита на стандардот на граѓаните од покачените цени на енергенсите. Со 60 милиони денари ќе се субвенционираат месечните трошоци за струја на 7.500 семејства.

— реклама —

Во моментов Владата предводена од СДСМ работи на нови мерки кои ќе значат директна финансиска помош за граѓаните и стопанството за справување со последиците од повисоката цена на струјата.

Ова е одговорно, домаќинско управување на инситуциите од страна на СДСМ која секогаш работи за граѓаните.

Од друга страна јавноста гледа штетно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.

Наместо конкретни мерки и решенија за помош на граѓаните, Данела Арсовска ги игнорира барањата на скопјани и се прогласува за ненадлежна од страна на ВМРО-ДПМНЕ гледаме единство лажни вести, блокади и неосновани обвинувања.

СДСМ останува на страна на граѓаните, останува посветена на решавање на сите предизвици и заштита на животниот стандард на семејствата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања