Промени тема
Контакт

Владата може да води напред само ако и општините туркаат напред, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Само со обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци, може да продолжи развојот и напредокот на општините, вели СДСМ.

„Овие избори се од исклучителна важност, бидејќи нивниот исход ја одредува иднината, ќе одреди дали општините и државата ќе продолжат напред кон развојот, или ќе се вратат назад во изолација и режим.

Владата покажа дека може да води напред само ако и општините туркаат напред.

— реклама —

Како одговорна и домаќинска партија покажавме дека економскиот раст е можен ако и општините инвестираат во реални капитални проекти, наместо во барокни фасади, жални врби и споменици.

Власта предводена од СДСМ може да се грижи за потребите на секој еден граѓанин ако тоа го прават и општините, а не да крадат пари од општинскиот буџет за училишен превоз како што тоа беше случај во Битола.

— реклама —

СДСМ постојано покажува и докажува дека работи единствено со и за граѓаните, бидејќи знаеме дека без граѓаните ниту една партија не е ништо и затоа ќе продолжиме да работиме заедно со граѓаните и исклучиво во нивен интерес.

— реклама —

Да се обединиме на 31 октомври за да продолжи растот на платите, пензиите, стипендиите и социјалната помош,за парите и понатаму да завршуваат во семејните буџети, во развојот, во мостови и железници, во булевари и водови, а не во палми, галии и криминални тендери.

Да се обединиме и да гласаме за број 12 да продолжи развојот на општините“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања