Промени тема
Контакт

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 111-та седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
vlada

На денешната седница на Владата на Република Македонија за точки не дневен ред се предложени неколку предлог-закони и информации од страна на Министерството за финансии.

Министерството предлага Владата да се произнесе во врска со Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, како и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

— реклама —

На денешната седница на Владата на РМ ќе бидат презентирани и информациите за подобрување на справувањето со нефункционалните кредити и за поттикнување на употребата на локалната валута, со Предлог - стратегија за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и Предлог - стратегија за денаризација на Република Македонија, и информација за усвојување на Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 - 2022 година, со текст на Национална стратегија и Акциски план за спроведување.

Министерството за труд и социјална политика за денешната седница ги достави Предлог - законот за социјалната заштита, Предлог - законот за социјална сигурност за старите лица, како и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.

Истото министерство на седницата за доненсување одлука ги предлага и Предлог - програмата за изменување на Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2018 година, Предлог - програмата за изменување на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година, и Предлог - програмата за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година.

— реклама —

На денешната седница на владата ќе се најде и Предлог - одлуката за распределба на средства за проектите: Изградба на улици и патишта во општина Липково и Изградба на пристапен пат до археолошки локалитет Тауресиум, општина Зелениково, на предлог на Министерство за транспорт и врски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања