ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Владата најостро ги демантира тенденциозните невистини за наводно отстапување од протоколот за изведување химни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-18-at-09.17.21

— реклама —

Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков.

— реклама —

„Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали. Оттука, дезинформација е дека химната односно стихови од химната биле скратени од било кои причини специфично за оваа посета Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Северна Македонија така и во светски рамки. Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија може лесно да се утврди при прегледување на снимките на сите претходни пречеци на државници на највисоко ниво кои ја посетувале Република Северна Македонија достапни на Јутуб каналот на Владата. Владата бара медиумите и порталите кои ги објавија неточните информации во целост да го објават овој демант и да ја повлечат изнесената дезинформација“, посочија од Владата.

— реклама —

Тие доставија примери од други државни настани каде химната е изведена на идентичен начин како денес.

GSyftqQd7Ag

qQgO7Y5zbxw

kFEgCCJ_YiY

https://fb.watch/aCuGGWgrcz/

eQysx03TRj4

rkjII5cC6QU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања