Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Владата нема план за борба против корона“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kina-korona-2

Неспособноста на СДСМ целосно исплива на површина. Владата нема план за борба против корона, велат одопозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособни да го организираат здравствениот систем, неспособни да го организираат училишниот процес, и сите елементи поврзани со актуелната ситуација. Едноставно немаат решение за ништо.

— реклама —

Владата на СДСМ креира само проблеми. Во организирањето на образовниот процес Мила Царовска потфрли целосно. Нема учебници за сите, а таму каде што се поделени дадени се искинати, Царовска жртвува уште една генерација деца.

— реклама —

Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома, а веќе има и заразени деца со корона во неколку училишта.Потфрли и градоначалникот во заминување на град Скопје, Петре Шилегов, автобусите се преполни. Шилегов ги направи градските автобуси извор на зараза. Венко Филипче не се снајде и не успеа да го организира здравствениот систем во ниту еден од претходните три брана, исто е и сега за четвртиот. Бројката на починати надмина шест илјади само поради тоа што Филипче не помислува на здравјето на граѓаните. Филипче се интересира само за провизии.

— реклама —

Актуелната власт е неспособна да ја нормализира ситуацијата. Време е за промени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања