Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Владата повторно преку буџетски средства плаќа најскапа топлинска енергија, обвинува Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Marija-Miteva

Секој месец нова кризна состојба со СДСМ. Откако целата измината година експертите предупредуваа за енергетска и топлинска криза, додека извесен период од БЕГ убедуваа дека греат со оптимален режим и дека континуирано испорачуваат топлина до потрошувачите, одеднаш Владата прогласи кризна состојба со снабдувањето на топлинска енергија. Граѓаните беа ставени пред свршен чин, еден ден пред исклучување. Оваа Влада на СДСМ е причина за уништениот стандард на граѓаните кои имаат недостиг на топлинска енергија и плаќаат поскапа струја, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Заради неспособноста на Владата предводена од СДСМ граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење.

Додека сите светски лидери водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, првиот човек на РКЕ Бислимовски пред само два месеци ги убедуваше граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона, тврдеше дека компаниите се подготвени.

— реклама —

Денес, Владата повторно со парите на граѓаните, преку буџетски средства плаќа најскапа топлинска енергија.

Неспособноста на СДСМ го доведува секое домаќинство во поголеми трошоци преку сметките за парно и струја. Неспособноста на СДСМ го отежнува секојдневието по сите основи. Катастрофалното менаџирање со кризите од страна на енергетскиот и економскиот тим на СДСМ преку Бектеши и Битиќи се гледа и низ ставот од АД Те-То Скопје, од каде што алармираа дека предложената цена од страна на владата ќе значи нивно работење со загуба и дека ова е само делумно решавање на проблемот. Дополнително, се закануваа дека ќе се одземе лиценцата на БЕГ што е уште една лага во низата лаги кажани од СДСМ.

Почитувани граѓани,

Хаварија, безредие и неизвесност е секојдневието кое го нуди СДСМ. Оваа Влада е извор на сите проблеми и по ниеден основ не може да биде решение на проблемите кои тие ги создадоа“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања