Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува платите во повеќе области, со СДС бевме на праг на банкрот, велат од партијата на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

„По само 5 месеци власт, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во договор со Сојузот на синдикати, склучи историски договори за зголемување на платите во образованието за 46% до крајот на мандатот, а од 40% до 50% во здравството, а догодина ќе се зголемат платите и на административните работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Пензиите на пензионерите, ќе се зголемени за 5000 денари. 2500 денари се веќе реалност, а 2500 денари на своите сметки пензионерите ќе добијат во март.

— реклама —

Со мерката за ограничување на маржата за училишен прибор, на граѓаните им се намалија давачките за училишни прибори и реквизити за училиште.

Со намалување на синдикалната кошничка, во одделот за храна и пијалоци, се намалија давачките на граѓаните за околу 1500 денари, или 18 илјади денари годишно за едно домаќинство.

— реклама —

За разлика од 2023 година, во власт на СДС кога инфлацијата беше 9,4%, 2024 година со само 5 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, инфлацијата ќе биде 3,5%, а проекциите за 2025 година се дека инфлацијата ќе биде на ниво од 2,5%.

— реклама —

За разлика од криминалното владеење на СДС, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува плати за сите работници навремено, исплаќа субвенции кои власта на СДС поради лични причини, не им ги давале на земјоделците и враќа кредити кои врхушката на СДС ги има направено во име на државата, за кои и нашите поколенија ќе треба да ги плаќаат.

До крајот на годината се очекува да се влеат во државата, над милијарда евра директни инвестиции, нешто што никогаш се нема случено.

— реклама —

Во тек е и Божиќна кошничка со која ќе се намалат цените на над 600 продукти, со што ќе се зголеми животниот стандард на граѓаните.

За разлика од криминалното владеење на СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните и подобрување на животниот стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryoc5ii0bd9b197ENgkl1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта банка ги демаскираа лагите, затоа сега се кријат и бегаат од одговори

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr8mnjqaftah45u31VNb

Јованчев: Определбата на власта е да ја зачува финансиската стабилност и постепено да ја намали потребата од нови задолжувања

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања