„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Владата размислува за одземање на дел од надлежностите на Охрид и Струга од крајбрежниот појас на езерото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
plazi-ezero

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.

— реклама —

– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.

Тој додаде дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања