Владата се налути, засилени контроли и санкции за потпалувачите на стрништа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar

Владата најостро го осудува палењето на стрништа или оган на отворен простор кои предизвикуваат пожари, и воедно упатуваме апел дека институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари.

— реклама —

Потенцираме дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, ќе подлежат на законски санкции.

Воедно, од страна на Министерството за внатрешни работи во 2019 година, за предизвикани пожари поднесени се 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители.

— реклама —

Исто така, потенцираме дека државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.

Владата на Република Северна Македонија упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.

Поради појавата на шумски пожари се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започна да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законот за шумите ќе им се изрече глоба Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија, кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите, во придружба на преставник од истите.

Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Воедно ги охрабруваме сите граѓани да пријават лица кои потпалуваат стрништа и оган на отворено во најблиските полициски станици или на телефонскиот број 192.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања