Промени тема
Контакт

Владата си закажа седница за денеска, објавени точките за дискусија и гласање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09092021_VRSM_Vonrednasednica-3

Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 117-та седница со повеќе точки од својата програма за работа.

„Владата денеска ќе ја разгледа и ќе ја стави на усвојување и Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план за вработување.

— реклама —

На дневниот ред на оваа седница, меѓу другото, е Информацијата за напредок во имплементацијата на Вториот проект за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2021 година.

— реклама —

На предлог на Министерството за надворешни работи, денеска пред министрите ќе се најде и Предлог-законот за ратификација на договорите меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини, како и Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

— реклама —

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена“, велат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања