Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ со Калиопи: 50 години под рефлекторите, животот на сцена, Македонија, колегите

Владата со еврообврзница од 950 милиони евра ќе го финансира јавниот долг за 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
kocoska

Владата го усвои предлог – буџетот за 2026 година кој ќе биде испратен во Собранието. Планот е да се приберат повеќе пари од даноци и придонеси, да се зајакне фискалната дисциплина. Издвоени се повеќе пари за плати, за пензии за социјални трансфери.

— реклама —

,,Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на плати и пензии, како и континуирана социјална заштита. Средствата за социјални трансфери се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст за 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата. Транзициските трошоци уплати во вториот пензиски столб изнесуваат 19,6 милијарди денари, со раст од 22,5 проценти“, вели министерката Гордана Димитриеска Кочоска.

— реклама —
— реклама —

Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава и да можат повеќе да го финансираат приватниот сектор.

,, Има 200 милиони евра дополнителни обврски кон странство, односно долгови од претходно што треба да ги вратиме. Од таа причина, финансирањето е предвидено да оди со евро обврзница од 950 милиони евра. Можеби тој износ ќе се зголеми затоа што се предвидени уште 350 милиони евра дополнително странско задолжување и уште 400 милиони евра на домашниот пазар, рече министерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 3 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања