Промени тема
Контакт

Владата својата неспособност да обезбеди евтин гас кога тоа го правеа другите држави сега ја става на товар на граѓаните и општините, вели ВМРО-ДПМЈНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev

„Доколку владата на Заев и пиунот Ковачевски наместо да се занимава со местење тендери, се потрудеше да обезбеди на меѓународниот пазар како сите влади од регионот и светот да обезбеди евтин гас, македонските компании и граѓани сега немаше да плаќаат најскап гас. Граѓаните сега плаќаат поскапо парно, затоа што владата не обезбеди ниски цени на гасот, кога тоа го правеа владите на другите држави. Само за споредба, Србија плаќа гас по цена од 270 евра за кубен метар, Турција 210 евра, Германија 230 евра. Македонија и македонските компании плаќаат цена и до 3 пати поголема од таа што ја плаќаат овие држави и нивните компании, и тоа е само заради неспособноста на СДСМ. Таа разлика од минимум 500 евра по кубен метар гас повеќе, ако се преговараше на време немаше да биде на терет на народот и буџетот. Владата на пиунот на Заев, Ковачевски сега својата неспособност ја става на товар на граѓаните, и тие пари наместо за нови инвестиции или гасоводи ќе одат за плаќање на скап гас. Дополнително пиунот Ковачевски сака да го вовлече градот Скопје во криминал и да го наведе на работи кои не се предвидени согласно закон. Владата да не ги вовлекува општините кои ги остави во долгови, а додека владата набавува луксузен прибор за јадење“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Градот Скопје, ниту општините во градот, или другите општини не се ниту произведувач, ниту дистрибутер на топлинската енергија, тие немаат ниту правен субјект кој може да работи на тоа поле за да може било како да влијаат на цените. Единствено одговорна е владата, и тие таа своја грешка мора да ја признаат и низ еден транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени сите чинители да се изнајде трајно решение без граѓаните да го почувствуваат товарот на поскапувањето. Задоволни сме што Бектеши го послуша и го прифати предлогот на претседателот Мицкоски, кој вклучува ставање во системот за производство на топлинска енергија на енергетскиот потенцијал ТЕ – ТО во време на викендите, зошто овој капацитет сега не работи за време на викендите, така ќе имаме и дополнителна домашна струја, и поголема количина топлинска енергија“, додаде ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања