Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Владата тврди: На Пауновски три пати му беше укажано за неговото непостапување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-paunovski

— реклама —

Од Владата попладнево објавија дека директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски месецов добил три укажувања за неговото непостапување во случајот со преземањето на рамковно вработените од Министерството за политички систем и за односи меѓу заедниците.

На твитер-профилот на портпаролот на Владата се наведени датумите кога биле испратени дописите до ДПИ од две министерства.

— реклама —

„Пауновски е детално информиран за неговото непостапување – ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и за информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања. Во меѓувреме не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици“, се наведува во објавата.

https://twitter.com/portparolVRSM/status/1386343459397771266?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1386343460781838347%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2Fd0bdd0b0-d0bfd0b0d183d0bdd0bed0b2d181d0bad0b8-d182d180d0b8-d0bfd0b0d182d0b8-d0bcd183-d0b1d0b5d188d0b5-d183d0bad0b0d0b6d0b0d0bdd0be-d0b7%2F

 Ова соопштение од Владата следи по изјавата на Пауновски дека не добил никакво укажување од Владата во врска со неговата постапка.

Премиерот Зоран Заев неделава кажа дека очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа.

Ова дојде откако претходно Пауновски одби да вработи 35 рамковни административци, со образложение дека тие не исполнуваат услови согласно систематизацијата.

Освен вработените во Државниот пазарен инспекторат кои веќе кажаа дека застануваат зад директорот Пауновски, поддршка за него има и на социјалните мрежи каде многумина го критикуваа чекорот на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања