„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Владата воведува еколошка такса: Дизелот поскапува за 3,5 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните. Од дополнителната такса ќе се соберат во буџтот 1,685 милијарди денари (24 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари за цела година.

— реклама —

Еколошката такса е дел од севкупната програма за екологија на Владата. Отворивме еколошки фонд за да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија, во ветерници, фотонапонски ветерници и гасни електрани. Затоа треба да се јакнат институционалните и финансики капацитети на државата. До 2030 треба да се затворат термоелектраните, сите три блока во РЕК Битола и едниот во ТЕЦ Осломеј. Планирани се 1800 мегавати во фотоволтаици кои или се градат или се во постапка или ќе се градат, 650 мегават енергија во ветерници кои исто така се во постапки, дел веќе се со одобрение за градба. Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила, рече премиерот Заев.

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања