Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Владејачкото мнозинство наместо за граѓаните, повторно реши да одработи за банките“, вели Зајкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryfufruf5tvcla5nW8LLJ

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, денеска од собраниската говорница остро реагираше откако пратениците од владејачкото мнозинство не ги поддржаа измените и дополнувањата на Законот за платежни услуги и платни системи, со кои, според ЛДП, требало да се намалат непотребните банкарски провизии и да се олесни финансискиот товар врз граѓаните.

Зајкова оцени дека владејачкото мнозинство повторно застанало на страната на банките, наместо на страната на граѓаните.

— реклама —

„Денес не одлучуваме за интересите на банките. Денес одлучуваме дали сме на страната на граѓаните или на страната на банкарските профити. Три години ЛДП го отвора ова прашање. Три години предупредуваме дека не е нормално граѓаните да плаќаат сѐ повисоки провизии додека банките бележат рекордни добивки“, изјави Зајкова.

Таа посочи дека во услови на економски предизвици и раст на цените, дополнителното зголемување на банкарските провизии претставува дополнителен товар за граѓаните.

— реклама —

„Банките не создаваат профит во празен простор. Тој профит доаѓа од секој работник, секој пензионер, секој студент и секое семејство кое е принудено да користи банкарски услуги. Затоа е сосема оправдано државата да постави граници таму каде што јавниот интерес е загрозен“, истакна претседателката на ЛДП.

— реклама —

Зајкова нагласи дека денес граѓаните практично се обврзани да користат банкарски услуги бидејќи платите, пензиите и социјалните надоместоци се исплаќаат преку банкарскиот систем, поради што, како што рече, државата има обврска да ги заштити од неоправдани трошоци.

Во своето обраќање таа ги повика пратениците да го поддржат законското решение, оценувајќи дека станува збор за избор меѓу интересот на граѓаните и интересот на профитерите.

— реклама —

„ЛДП е на страната на граѓаните. Очекуваме и вие денес да бидете таму“, порача Зајкова.

Сепак, предлог-законот не доби поддршка од пратениците од владејачкото мнозинство, по што од ЛДП оценија дека власта повторно ги ставила интересите на банките пред интересите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

„Времето на автократите завршува“ – Зајкова и ЛДП со порака по изборите во Србија

Свет | пред 2 седмици

media-library2n3cmkcgrktsfEt9R0h

Зајкова: Борбата за отворени листи не е предавство, туку слобода за граѓаните – нема да бидеме декор во вашите партиски пресметки

Македонија | пред 2 седмици

Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

„Не ги користете мртвите деца за политички поени, ниту пак живите деца кои сè уште чекаат мир“, вели Моника Зајкова

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања