Промени тема
Контакт

Власта го деградира правосудството, судиите и обвинителите ги користи како политичка алатка, за Републичкиот судски совет да се расправа во Собранието, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sudstvo-2

Власта го деградира правосудството, судиите и обвинителите ги користи како политичка алатка, за Републичкиот судски совет да се расправа во Собранието, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Судиите и обвинителите се присилени да работат по диктат на власта. Еминетни експерти и домашни и меѓународни извештаи констатираат дека довербата во судството е на ниво на статистича грешка, а партизацијата е видлива од авион.

Ниту еден случај отворен против функционери на оваа власт не е завршен, ниту имаме правосилно осудени лица.

— реклама —

За народот казните се драконски, а за функционерите од власта или до нив поврзани лица воопшто не доаѓа до завршница на случаите.

— реклама —

Метастазата на партизација на правосудните институции е еманентна. Една од институциите која е под силен притисок на власта е и Републичкиот судски совет, каде гледавме како се поставуваат и менуваат партиски послушници, по принципот постави - смени по потреба.

Власта со циркузот во кој ги претвора институциите како Републичкиот судски совет допринесе за недовербата на граѓаните во правосудството, затоа потребно е за состојбите во оваа институција да се расправа во собранието.

— реклама —

Власта да не бега од соочување, и да запре со притисоците и злоупотребите на институциите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања