„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Власта и опозицијата во Охрид за прв пат се обединија и тоа против Планинската Спасителна Служба - запре финансиската поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
planinari-960x717

Со 1 глас „за“, 1 глас „против“ и 16 „воздржани“ советниците на Општина Охрид денеска донесоа одлука финансиски да не го поддржат понатамошното функционирање на Планинската спасителна служба при Црвен крст-Охрид. Информацијата ја споделија од службата, револтирани од одлуката.

— реклама —

Поради ова, волонтерите решија да се одречат од признанието „Повелба Св. Климент Охридски“ кое им беше доделено од Општина Охрид во 2019 година. Воедно, им се „заблагодарија“ на општинарите за лажните пофалби кои ги добивале при средби со нив.

„Денес нам, но и на граѓаните на Охрид, градските советници со одлука ни докажаа, дека безбедноста и здравјето на луѓето не им се важни. Дотолку повеќе, што истите немаат ниту конкретен став, туку гласаат воздржано. Како и до сега, така и понатаму остануваме во служба на граѓаните, волонтерски правејќи го она за што нашите политичари немаат доблест ниту да подразмислат и да заземат став“, велат од Планинската спасителна служба.

— реклама —

Оваа служба постои 19 години и досега нејзините волонтери имале стотици интервенции.

„Иако само оваа година во најмалку пет наврати, со нашите брзи и успешни интервенции ја спасивме општината од медиумски напади слични на неодамнешниот „кратовски случај“, сепак тоа не го направивме за политичарите и нивните суети, туку за граѓаните, кои благодарение на истите тие политичари, најчесто се оставени на милост и немилост, особено кога станува збор за спасувањето и заштитата“, се вели во нивната реакција.

Сепак, од Планинската спасителна служба при Црвен крст-Охрид велат дека остануваат во служба на граѓаните и понатаму.

„Се надеваме дека ваквата едногласна одлука на Советот, ќе остане длабоко запишана во историјата на општина Охрид, како пример за останатите состави на Советот, но и како одлика на времето во кое живееме, време во кое властите најниско ги вреднуваат човечкиот живот и волонтерскиот труд на сопствените граѓани, оние на кои треба да им служат. Нека им служи на чест“, стои во нивната реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања