Промени тема
Контакт

Власта краде струја за копање крипто валути, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kriptovaluti

Власта предводена од Зоран Заев не знае ништо освен да краде, или да се занимава со корупција и криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега власта краде струја за копање крипто валути.

Или власта краде струја, прави милиони, а народот плаќа милиони за да има што да украде власта.

Неколку пати купија скапа струја. Сега е склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра.

— реклама —

Претходно 11 милиони евра се потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа. Оттука се доаѓа до сума од над 38 милиони евра.

Пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната.

— реклама —

И сето ова затоа што нема домашно производство на струја, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Нема ниту способен менаџмент.

Ама има способни за крадење, односно скапо платена струја некој од власта ја краде за копање на биткоини.

— реклама —

Власта е насочена само кон кражба, а граѓаните едвај преживуваат.

Излез од оваа ситуација се само предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања