Промени тема
Контакт

Власта на СДСМ и ДУИ треба да прифати дека граѓаните се обединуваат без разлика на нивната етничка или верска припадност, порача ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„Власта на СДСМ и ДУИ треба да прифати дека граѓаните се обединуваат без разлика на нивната етничка или верска припадност. Народот се обединува затоа што гледаат дека состојбите во државата секој ден се се полоши поради неспособноста и неодговорноста на власта“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Граѓаните ја прифаќаат идејата на Македонија за сите луѓе, затоа што на Македонија насушно и треба излез од оваа апатија, затоа што на Македонија насушно и требаат нови работни места, подобро здравство, подобро образование, повисок стандард, нови водоводи, канализации, детски градинки, патишта. Тоа за жал оваа власт на СДСМ и ДУИ нема ниту капацитет, ниту волја да го направи. Со нив Македонија тоне во криминал, корупција и бесперспективност“, додаваат тие.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања