„Имотот на АД Славија, чија што само управна зграда и земјиште под и околу зградата вреди над 10 милиони евра сака да го продаде за 200.000 евра. АД Славија покрај управната зграда има и голем број на други објекти на атрактивни локации. Продажбата на АД Славија за 200.000 евра е грабеж на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изговорот на власта дека се работи за продажба на акции не држи вода. Бидејќи целокупниот број на акции се продава 200.000 евра, а со поседување на акциите се поседува и целокупниот имот чија вредност е сто пати поголема од сумата по која власта сака да го продаде претпријатието со целиот негов имот. Дали зад оваа продажба по багателна цена се крие фирма и лица блиски до Заеви која треба да стане сопственик на имотот на АД Славија? И дали затоа власта толку жестоко го брани овој криминал?“, додаваат тие.